
Поради ишијас одвоена постапка за една од обвинетите за случајот со смртта на Тамара
На Елена Трпковска, една од обвинетите за случајот Тамара, ќе и се суди одвоено од останатите 11 – на. Судот го дозволи ова откако нејзината адвокатка достави лекарска документација дека има болки во половината и ногата.
Останатите адвокати негодуваа оти како што рекоа се работи за обичен ишијас и се посомневаа дека можеби ќе го признае делото. Инаку и денеска не започна судењето за докторите и екс директорите на Фондот за здравствено осигурување кои одлучувале за тоа дали малата Тамара Димовска ќе оди на лекување во странство.
Обвинителството достави докази со преведувач од српски јазик наместо од хрватски на кои се напишани дел од документите од странските клиники. Адвокатите обвинија дека е неспремно и не поради нив туку поради обвинителството се одложува стартот на процесот за смртта на девојчето кое боледуваше од сколиоза, но не дочека лекување на државна сметка.