Обвинетите во 27-ми воздржани околу законот за амнестија предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Предлог законот за амнестија од опозицијата стаса во Собранието, дел од обвинетите во 27-ми април велат дека не знаат што пишува во него. Воздржани, на паузата од неколкучасовното рочиште ги избегнуваа камерите, но и одговорите дали за нив е прифатлива законска амнестија.

Судскиот процес „27- ми април“ опфати пратеници, поранешени полициски функионери и лица кои извршиле насилен упад во Собранието маскирани со фантомки. Меѓу нив е и Фетах Алими, полицаецот којшто во друг случај сведочеше како го спасувал и извлекувал лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, а сега обвинет за „27-април“. Вели, дека не сака закон за аменстија туку фер судење во кој ќе докаже дека не е виновен.

Обвинетите Игор Дурловски, Богдан Илиевски, Борис Дамовски и други обвинети и претходно се спротиставија на изјавата за помирување на премирот Зоран Заев во Собранието со став дека сакаат да докажат дека не се виновни.

За да отпочне денешото рочиште, судијката Добрила Кацарска ги преброја обвинетите и адвокатите, а обвинителката Вилма Рускоска продолжи да ги објаснува видео снимките кои се докази против 33 обвинети. Собраниска камера во ходникот кој води до прес салата ги уловила обвинетите како се втрчуваат кон прес салата кои, пак, според Рускоска се дел од групата која на 27 април се собрала во скопски ресторан и со фантомки влегла во Собранието. Понатаму, обвинетиот Горан Ѓошевски, поранешен шеф на обезбедувањето на експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, се поздравува и комуницира со обвинетиот Никола Митревски Кољо преку гестикулации со рацете по што поголема група граѓани се упатува кон прес салата. 27- ми април продолжува во доказна псотпака со нови десетина закажани термини за судење.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ