Видео: Гејзир во Скопје, Водовод чисти цевка

Од цевка на комуналната мрежа на Водовод претпладнево извираше вода, како што може да се види на снимките. Од Водовод кратко одговорија дека вршеле чистење на цевка со вода и дека не станува збор за дефект.

Водата избиваше од цевка на Партизанска на раскрсницата спроти Сити мол, во Карпош. На тој потег неколку недели се одвиваат градежни зафати за проширување на комуналните доводни и одводни мрежи.

Водата почнала да избива после 11 часа, а интервенцијата на чистењето на цевката траеше околу еден час. Во внатрешноста на дупката која со денови е отворена се гледаат делови од цевките, како и остатоци од градежните зафати.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ