
КОД: Обвинителството проверува банкарски сметки за белгискиот фудбалски скандал
Македонија беше спомната како дел од истрагата во акцијата „Чисти раце“ на белгиската полиција. Дека и во Македонија се спроведувале истражни активности. На почетокот на септември во државното обвинителство пристига замолница од белгиските истражни органи за помош во спроведување на правдата. Замолницата и барањето веднаш е препратено до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Сите таканаречени спортски криминали, дали со препродажба на фудбалери трансфери дали со сомнежи за месетење на натпревари се водат како дела од организиран криминал. Белгиското барање е распоредено кај обвинител.
Во него стоело дека се бара помош во проверка на сметки и финансиски трансакции на повеќе лица, меѓу кои и двајцата гореспомнати притворени. Барањето е доставено месец и пол пред да почната пасењата. Белгијците бараат македонските обвинители да проверат дали се префрлани пари во Македонија од Белгија, на какви и на чии сметки и дали во друга насока кон Белгија биле испорачани услуги или стока за префрлените пари. Обвинителството собрало дел од бараните информации и ги известило белгиските истражители, но проверката продолжила.
Претреси во куќи како што се наведуваше во првичните информации немало. Досега не ни стигнало барање за распит на сведоци и никој не е испрашан. Објаснувањето од обвинителството е дека тие само помагаат на белгијците кои пак истражуваат сериозне криминал од група од која досега одзеле околу 4 милиони евра, пари кои се најверојатно добиени со злоупотреби во белгискиот фудбал. Досега не е барано да се изврши разговор со мајката на уапсената Богојевска. А медиумите во Белгија објавија дека токму мајката преку телефон разговарала за сметка отворена во Белград на име Марија Богојевска и дека преку телефон ќерката и рекла дека преку таа сметка се перат пари.
Миомир Серафиновиќ, КОД