Следење на комуникациите со дозвола од Устев суд

Следење на комуникации поради заштита на безбедноста на државата има од 1 јуни 2017 со дозвола од Врховниот суд, додека претходно УБК немала навика да бара одобрение за таков вид превентивно прислушување. Ова го тврдеше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кога ги претставуваше реформските закони за следење на комуникации вчера во Собранието.

Токму прислушувањето од безбедносни причини е најмногу критикувано од експертите – дека и со новите закони има можност за злоупотреби. Исто така новиот закон за следење на комуникации предвидува и нови дополнителни мерки, како што се местење на микрофони и камери во приватни објекти и на јавни простори за да се следат лицата опасни за безбедноста. Во законот не е точно наведено кој ќе ги спроведува тие дополнителни мерки, бидејќи агенцијата ОТА има задолжение само технички да овозможува следење на комуникации, а не и да учествува во местење на опрема. Законите сепак ја поминаа првата фаза, откако Столтенберг си замина, си заминаа и пратениците на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, а владеачката коалиција ги усвои законите за реформи без многу дискусија, но со многу пофалби. Опозицијата и натаму смета дека власта треба да ги почека да се вратат кога расправаат за најбитните реформски зафати.

Шекеринска пак во интервју за Телма вели дека сите закони кои се реформски и по Прибе пред да ги поднесат во Собрание ги доставуваат до опозицијата да ги разгледа.

ОТА и прислушувањето го поминаа првото читање без опозицијата. Засега ги нема на дневниот ред на собраниските комисии за наредната недела.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ