
Се уште се во тек консултациите за уставните амандмани
Владата се уште го финализира нацрт текстот на уставните амандмани. Консултациите се во тек, се разговара со пратениците, нема најави дека амандманите ќе бидат доставени во текот на денешниот ден, ни изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски, откако претходно Генералниот Секретар на СДСМ Александар Кирацовски најави дека до Собранието ќе бидат доставени дел од амандманите.
ВМРО-ДПМНЕ дополнително ќе одлучува дали ќе се вклучи во процесот на подготовка на амандманите.
ДУИ ги оцени како неосновани дополнителните амандмани поднесени од БЕСА на Касами, со кои се бара албанскиот јазик да биде втор официјален јазик.
По доставувањето на амандманите во Собранието започнува втората фаза за уставните измени. Аналитичарите очекуваат поголема подршка од пратениците и кратење на роковите во кои ќе се носат амандманите.
За гласање на уставните амандмани во втората фаза неопходно е апсолутно мноизнство, односно 61 глас.
Јулијана Пешевска