
Власта инсистира на помирување откако Мицкоски побара закон за амнестија
Помирување ќе има но клучно е да се запази правната држава и да нема мешање во судските власти и правосудниот систем. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев по вчерашното барање на пресетдателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за носење на закон за амнестија кој ќе ги опфати сите обвинети за настаните од 27 април.
Аналитичарот Сашо Ордановски смета дека барањето за амнестија од Мицкоски е задоцнет и изнуден чекор преко кој тој се обидува да ја зацврсти својата власт во партијата.
За врховниот судија и претседател на здружението на судии, Џемаил Саити, прашањето за амнестија е политичка одлука а дотогаш судовите ќе продолжат да ги водат предметите.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера побара закон за амнестија кој ќе ги опфати учесниците во настаните од „кравиот четврток“ како потврда за неселктивна правда во Македонија.
Од Владата сооопштија дека треба да се почека и да се види како во рамки на Собранието ќе почне процесот на помирување за настаниуте од 27 април.
Огнен Чанчаревиќ