Церар: Прашањето за членство во ЕУ треба да биде само прашање на време

Процесите во Собранието со добивање на двотретинско мнозинство за спроведување на Договорот од Преспа се легитимни, смета Миро Церар словенечкиот заменик претседател на владата и министер за надворешни работи. Словенија ги прифаќа позитивните резултати од консултативниот референдум без оглед што цензусот не беше исполнет. Затоа и постапките на пратениците од мнозинството се оправдани бидејќи ја претставуваат народната волја, тврди Церар. Тој откако стапи на функцијата својата прва официјална посета ја има токму во Македонија, земја која вели дека заслужува да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

Министерот Димитров посака следната година да посетува земји со надминати проблеми и дипломатија која ќе биде посветена на потврдување на пријателските односи. Тоа ќе придонесе за поголема економска соработка и раст на инвестициите.

Само со посветеност на реформите може да се биде конкурентен во Европската Унија. За Димитров Словенија е позитивен пример кој треба да се следи, додека пак Церар ја истакна важноста за една мала земја да биде дел од големото семејство каде може да ги решава своите важни прашања и потреби.

Денес во Скопје беше отворено и новото седиште на амбасадата на Република Словенија во Македонија.

Христијан Станоевиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ