Кривична пријава за Миленко Неделковски

МВР ќе поднесе кривична пријава против Миленко Нелковски поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ и по чл.394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од Кривичниот законик на Република Македонија.
Во соопштението на МВР стои:
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против М.Н. (61) од Скопје, поради објава на коментар на социјалната мрежа Фејсбук со која се предизвикува загрозување на сигурноста на Претседателот на Владата на Република Македонија, односно поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ и по чл.394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од Кривичниот законик на Република Македонија.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи во соработка со СВР Велес, му достави покана за службен разговор на лицето М.Н. (61) од Скопје, а по издадена наредба од Основен Суд Скопје 1 Скопје, на 22.10.2018 година извршен е претрес на дом и други простории кај лицето М.Н. при што се пронајдени и одземени предмети во интерес на истрагата.
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ