Палмeр во Македoнија на разговори за имплементација на Договорот од Преспа

Членството на Македонија во НАТО преку имплементацијата на договорот до Преспа е клучната тема на средбите на клучната тема на заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, со државниот и политички врв на земјава. Посетата на Палемер иако е дел од неговата регионална турнеја, доаѓа на една недал по писмото на помошникот државенс екретар на САД Вес Мичел упатено до опозициската ВМРО-ДПМНЕ за конструктивност околи процесот во Собранието за за имплементациија на Договорот од Преспа и одговорот од лидерот на опозициската партија дека не отстапува од своите ставови.

Во денешчните најавени средби на Палмера нема потврда за негова средба со Мицкоски, ниту со претседаелот на државата Ѓорге Иванов. Палмер од утринава се сретна со лидерите на ДУИ, БЕСА на Касами и ДПА, како и со шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Со Димитров како што се наведува во сооштението од МНР тие разговарале за пристапување на земјава во НАТО, како и за неодамнешниот прогрес во однос на постапката за уставните промени во Парламентот, со цел успешна имплементација на Договорот со Грција.

Во партиското соопштение на ДУИ по средбата Ахмети – Палмер се наведува дека од страна на Ахмети било нагласено дека партијата во контескт на иплементацијата на Договорот за името и во наредните недели ќе остане конструктивна до заокружување на процесот за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ.

Лидерот на БЕСА Билал Касами пак Палмер го информирал дека движењето, во процесот на уставни измени, се залага преку амандмани за појаснување и формулирање на уставот што би ја одразило општествената реалност на државата.

Од лидерот на ДПА Палмeр добил уверување дека партијата ќе продолжи таксативно да ги поддржува уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор, како и процесот на реформи за целосна интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ.

Попладнево Палмер ќе има средба и со премиерот Заораб Зав по што е најавена и прес-конференција.

Палмер ја посети Македонија пред речиси три месеци, за 2 Август кога во земјава престојуваше три дена за да ја изрази американската поддршка за Договорот за името инејзиното  евроатлантското интгрирање.

Тамара Грнчаровска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ