Превирања во ВМРО-ДПМНЕ пред вечерашниот Централен комитет

Групирања, пораки со поддршка но и критики за курсот на партијата пред вечерашната седница на Централниот Комитет на опозициската ВМРО – ДПМНЕ.  Официјално на седницата ќе се разговара за моменталната политичка состојба во државата и обезбедувањето на двотретинско мнозинство за поддршка на уставните измени во Собранието.

Неофицијално се очекува пресметка меѓу поддржаувчите на актуелниот лидер Христијан Мицкоски и на претходното раководство односно Сашо Мијалков. Од партијата официјалноне потврдија запостоење на внатрешни превирања и ги оценија инфромациите како шпекулација.

Во изјава за медиумите Мијалков ги отфрли инфромациите оценувајќи ги како шпекулација, и додаде дека тој дал оставка на сите фукции во партијата и со тоа на било кој начин не влијае во работењето на партијата.

Сепак во насока на шпекулациите одат и јавните пораки за поддршка на Мицкоски кои ги упатија истакнати членови на партијата. Така поранешниот спикер Трајко Вељаноски на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша дека во овие тешки моменти потреба Мицкоски  ја има неговата поддршка и уверен е дека е на ист курс со членството.

Пратеникот Антионио Милошоски пак напиша дека Мицкоски ја има неговата поддршка бидејќи покажал дека му била побитна демократската доверба којагласачите ја дале на партијата но напиша и дека консолидацијата и единството во ВМРО – ДПМНЕ се потребни и полезни за државата.

Во таа насока денес преку писмо во јавноста се обрати и сегашниот пратеник Илија Димовски кој ја нападна актуелната политика на партијата која според него води во изолација и губење на капцитетите да влијае на политичките процеси во државата и го осуди бркањето на како што кажа т.н предавници и нелојални членови.

ВМРО-ДПМНЕ веќе подолго време, и пред и после валандовскиот Конгрес, се води во погрешен правец, што се гледа низ неостварените политички цели на партијата. Сега веќе е видливо, дека партијата се движи кон изолација, и спрема надвор, и спрема сите други политички фактори во државата, но и спрема сите свои членови кои за едни, други или трети теми имаат различно мислење од претходното и од сегашното раководство. ВМРО-ДПМНЕ сама се доведе во ситуација да го изгуби капацитетот да влијае на било кој сериозен политички процес во земјата и државните одлуки повеќе, за жал, не зависат во ништо од ставот на мојата партијата, напиша Димовски.

Топј смета дека партијата мора да направи измени во статутот, демократизација на процесите за внатрепартиските избори, да се направи дисконтитуиет со грешките од минатото, да не се гради култ кон личност и партијата да работи на обновување на собработка наместо изолација за повторно да може да влијае на политичкјите процеси во државата.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ