
Кога еднаш ќе влезат, веќе никогаш не излегуваат, КОД за состојбата во психијатриските болници
Има 81 година, а повеќе од половина век поминал во психијатриската болница во Демир Хисар. Ова е најстариот пациент во болницата во која речиси целиот живот го поминуваат околу 300 пациенти. Дел се заборавени од семејствата, а некои и смртта ги пречекува зад болничките решетки.
Таму се лекуваат и најтешки криминалци за кои судот одредил наместо затвор, престој во психијатриска болница.
КОД сторија за живот на пацинетите во Демир Хисар.