Уште еден стар занает е пред изумирање

Валавичарството, еден од најстарите занаети во Македонија, кој според одредени записи постои повеќе од 5 века, полека изумира. Некогаш само во Охридско имало дузина валавици. Денес од Битола до Струга работи само една во атарот на селото Свињишта.

Валавицата на семејството Николоски на реката Речица работи од март до декември. Тука доаѓаат луѓе од целиот регион да исперат ќебиња, алишта или друга покуќнина.

Валавицата на Николоски се повеќе ја посетуваат странски туристи, а голем интерес пројавуваат и агенциите.

Последната Валавица во охридско ја одржуваат чичко Ристо и неговиот син Љупчо, а од идните генерации зависи дали овој стар занает ќе продолжи да опстојува или полека ќе замине во историјата.

Горан Момироски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ