На тетовските пожарникари, работа им отворија и земјоделците кои палат стрништа

Чадот на повеќе места во полошкото поле кој го регистрираше нашата камера, е резултат на намерно предизвикани пожари од земјоделците. Тие после есенската берба од нивите го острануваат остатотокот од растенијата, плодовите и тревата, и се ослободуваат од нив откако ќе ги запалат.

Од територијалната противпожарна единица Тетово, велат дека во овој период од годината најчесто реагираат на пожари на отворено, каде во нивите неретко се пали и разновиден смет, а пожарот знае да се пренесе и на останата земјоделска површина.

Палењето на стрништа на нивите е строго забрането со закон. Од Агенцијата за поттик и развој на земјоделието, велат дека органскиот остаток, земјоделците наместо да го запалат можат максимално да го искористат.

Од Министерството за животна средина, изјавија дека надлежни за контрола на земјоделско земјиште е инспекторатот за земјоделие, од каде засега не добивме никаков одговор што преземаат за незаконоското палење на стрништа и дали воопшто го контролираат полошкото поле кое во овој период од годината е извориште на загаден воздух.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ