
Образованието 20 години тапка во место
Македонските ученици до 18 години во училиштата поминуваат 11 години и два месеци, но знаат како да учеле само шест години и осум месеци. Над четири години оделе на училиште, но ништо не научиле. Поразителните резултати се дел од најновите истражувања на Светска банка за индексот на човечки капитал. Според универзитетскиот професор, Кирил Барбареев, ова покажува дека во изминатите 20 години не е трансформиран воспитно-образовниот систем, а катастрофата да биде поголема што ресорното министерство нема јасна визија за образованието.
Барбаррев забележува дека трагедијата е поголема што овој систем продуцира нефункционални генерации, а тоа се потврдува и во истражувањата, бидејќи еден македонски полнолетелен граѓанин е продуктивен само 53 %. Британскиот наставник Ричард Спенсер, кој е меѓу најдобрите во Европа, смета дека реформите не треба да ги прават политичарите, туку наставниците, академската фела, а реформите ги има во секоја земја.
На пример во Велика Британија, промената на партиите на власт, си носи и нов министер за образование. Тој министер за својот мандат се обидува да стави свој белег. Сметам дека тие промени не се секогаш добро промислени. Затоа моите колеги цинично коментираат дека ваквиот начин на образование се врти во круг без било каква промено во него, вели британскиот наставник Ричард Спенсер.
Реформите треба да бидат насочени и во подбрување на условите во кои учат учениците и работат наставниците, потребни се сериозни инвестирања во училиштата, кабинетите и лабораториите. Академската фела се согласува дека суштински реформи мора да има, а од нив не треба да се плаши никој. Резулатите вообичаено се покажуваат по 10 години.
Викторија Димитрова Јованова