Партиите ги примија пораките на Столтенберг

Доминантните партии во Собранието ги оценија средбите и пораките на Столтенберг како конструктивни, содржајни и значајни. Владеачката СДСМ оценува дека Генералниот секретар на НАТО ги препознал и поздравил реформските процеси во земјата и побарал вклучување на сите политички фактори, меѓу кои и на опозицијата.

ВМРО ДПМНЕ  му посочила на Столтенберг дека нема демократски амбиент за нивно враќање во Собранието бидејќи се случува жесток прогон на политичките неистомисленици.

Ахмети се заблагодарил за улогата а НАТО во зачувувањето на територијалната целост на земјата пред 17 години.

Во врска со разговорите околу спорот со името и изјавата  на нашиот преговарач Васко Наумовски, Ѓорчев вели дека е загрижувачка, а Ахмети  дека е дадена без консултации.

Генералниот секретар Столтенберг во Собранието имаше средба со претседателот Џафери и со координаторите на пратеничките групи. Потоа, сите заедно го ислушаа неговото излагање во пленарната сала. Покрај големиот број гости и дипломати, присуствуваше и целата опозиција.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ