Децата со посебни потреби се уште чекат државата да го исполни ветеното

Семејството Маринковски имаат 34 годишен син со Даунов синдром и тие беа дел од денешниот собир на здруженијата и граѓанските активисти, кои се собраа во Штип за да ги потсетат институциите дека постојат и оти потребно е системско решавање на напластените проблеми.

Родителите се револтирани што се уште ја нема изградбата на центрите за згрижување на децата, но и за возрасните со посебни потреби, кои по нивната смрт би живееле и некој ќе се грижи за нив. Меѓу приоритените барања им е и изградба на рехабилитациони центри. Сметаат дека во Европа не се влегува оставајќи ги на маргините и без решавање на проблемите. Ги повикаа политичарите и парламентарците да имаат слух за нив.

Граѓанската иницијатива „Пет до 12“ од денеска е една минута до 12, бидејќи грижата и годините веќе ги гази родителите. На собирот порачаа дека ќе почнат со поднесување на претставки до Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, а локалните власти и институциите да направат регистри, односно да пребројат колку има деца и возрасни со посебни потреби во земјава.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ