
Кукан: Добри вести од Македонија
Добри вести од Македонија пристигнаа доцна синоќа, напиша европратеникот Едвард Кукан, откако синоќа Собранието со дветретинско мнозинство ја почна процедурата за уставни измени согласно Преспанскиот договор.
Тоа е почеток на процес, но претставува многу значаен чекор напред. Би сакал да им честитам на оние кои го поддржаа преспанскиот договор, кои покажаа лидерство и гласаа за европска иднина на нивната земја, напиша Кукан на Твитер.