Пресудата за Груевски стаса во Кривичен

Пресудата за 2 годишната затворска казна на експремиерот Груевски од попладнево е во Кривичниот суд кој треба да му ја достави нему, пред да почне постапката за извршување, објаснуваат од судот. Тоа може да се случи на некое од рочишта закажани за следната недела каде треба да се појави експремиерот. Според законот за извшрување на сакнции, во рок од 8 дена во кој судија за извршување на санкции треба да изготви покана, односно упатен акт во кој на осудениот му се остава од 8 до 13 дена да се јави во конкретен затвор на издржување на казна. Одбраната може да бара одлагање .

Одбраната може да бара и вонредно преиспитување на пресудата кое треба да се поднесе во рок од 30 дена од приемот. Во досегашната судска пракса познат е примерот на експрмеиерот Бучковски кој побара и од Врховниот суд доби одложување на казната до конечна одлука со која беше укината пресудата па сега на Бучковски, му се суди по трет пат за “Тенковските делови”.

Одбраната ќе ги користи сите правни лекови и ќе бара одлагање.

Веднаш по приемот на пресудата, одбраната ќе ги користи вонредните правни лекови што и стојат на рапсолагање а за кои одлучува Врховниот суд со можност да бара и од Основниот суд и од Врховниот суд одлагање на издржување на казна со оглед на аргументите што ќе бидат наведени и веке беа наведени, вели адвокатот Боро Тасевски.

Повикувајки се на членот 466 од законот за кривична постапка најавуваат барање за одлагање и пред Кривичен и во Врховен суд во кој стои – Првостепениот суд или судот надлежен за одлучување по барањето, со оглед на содржината на барањето може да определи да се одложи, односно да се односно да се прекине извршувањето на правосилната пресуда.

По кој од десетте законски основи ќе се бара одлагањето одбраната најави одговор откако ќе ја добијат и прочитаат пресудата на Апелација.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ