Вешатаците во „Монструм“ одново потврдија: Убијците се возеле со Опел Oмегата и пукале со две пушки и еден пиштол

21 и еден куршум. 8 цели проектили и два оштетени. Толку муниција испукале убијците кај Смилковскито езеро за да ги убијат четирите момчиња и рибарот. Ја пронашле крим техничарите од МВР, направиле анализи и дошле до сознание дека жртвите се убиени со два „Калашникови“ и еден пиштол „долга деветка“.  Два часа балистичкиот експерт одново одговараше на прашања на судот, обвинетите и адвокатите. Вториот вештак на судот му потврди дека авотмобилот Опел Омега бил на местото кадешто се убиени момчињата.

Земјата од блатобраните од автомобилот се совпаѓа со примерок земен од местото на убиството, односно до едно до телата, и тоа по боја, гранулација, и елементарен состав, рече вештакот Снежана Николовска.

Овие вештаци правеле лабраторски аналзиаи, и тоа е во ред, вели одбраната. Но, прашува кој им ги обезбедил материјалите кога тие воопшто не биле на увидот.

Судот најдолго се задржа на објаснувањето на вештакот кој посочи дека еден од проектилите испукани на фармата на обвинетиот Фејзи Азири во вооружен инцидент во 2009-тата се од иста пушка користена во убиствата на Смилковското езеро. Судот треба да ги чуе вештачењата на уште осуммина вештаци предложени од обвинителството во повторениот судски процес откако Врховниот суд одлучи да го врати предметот по жалба на доживотните пресуди изречени во Кривичниот суд.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ