Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ бара гласање за уставните измени

Поминаа 19 дена од референдумот на кој народот јасно се изјасни дека нема одлука за мандат за уставни измени. Гледаме дека власта одолговлекува со седницата. Деветнаесет дена се одолговлекува точката да се стави на дневен ред за гласање затоа што владеачкото мнозинство е свесно дека за пратениците е поважно волјата на народот отколку притисиците на кои се изложени, изјави во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ пратеникот Антонијо Милошоски.

Бараме од г-динот Талат Џафери, без дополнително одлагање да ја стави точката на известување, да имаме гласање и да види владејачкото мнозинство дека нема 2/3 мнозинство и дека нема услови, ниту мандат да покрене иницијатива за уставни измени. Ние како пратеници ќе го кажеме нашиот став и ќе гласаме согласно волјата на народот изразена преку пропаднатиот референдум и недавањето на мандат за уставни измени, рече Милошоски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ