Крсто Мукоски излегува од притвор

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Крсто Мукоски е ослободен од притвор. Апелација му ја прифати жалбата за домашен притвор без кауција. Мукоски е последниот обвинет за крвавиот четврток кој е ослободен за настаните од 27-ми април. Во вторникот од притвор беше осободен и пратеникот Сашо Василевски, кој беше обвинет за настаните од 27-ми април, а пуштен е со гаранција од 400 илјади евра по изјавата на премиерот Зоран Заев дека нуди помирување за „крвавиот четврток“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ