Собраниската расправа одложена за 15 часот

Распаравата во Собранието за  предлогот за пристапување кон уставните измени е одложена за 15 часот. Во моментов, пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ е на координација. Во Собранието веќе се присутни најголем дел од пратениците од ВМРО ДПМНЕ, освен пратениците Васил Пишев, Никола Поповски, Никола Груевски. Во Собранието е и пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Сашо Василевски, кој беше обвинет за настаните од 27-ми април, а во вторникот беше пуштен од куќен притвор, со гаранција од 400 илјади евра по изјавата на премиерот Зоран Заев дека нуди помирување за „крвавиот четврток“. Тој во изјава за Макфакс вели дека не знае дали ќе гласа за уставните измени.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ