Миленко Неделковски заработи кривична за ширерње на говор на омраза

Кривична пријава заработи Mиленко Неделковски за ширење говор на омраза на социјалните мрежи.

Предметот кој го отвори Основното јавно обвинителство се однесува на неговите постови на Фејсбук во однос на катастрофалните пожари што неодамна ја зафатија Грција, а во кои алудира дека грците ја заслужиле огнената  катастрофа поради Договорот со Грција. Обвинителството ќе го гони Неделковски за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, за што му се заканува казна и до пет години затвор.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ