Евентуална амнестија би донела забелешки за судството

Амнестија во парламентот од страна на премиерот како што сакаат некои да прикажат не беше понудена, оценува поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права Маргарита Цаца Николовска. Повикот за помирување, таа го сфаќа како прашање дека сите треба да се освестат во каква состојба се наоѓа Македонија. За актуелните судски процеси Николовска вели дека тие мора да заврштат и судот е тој кој треба да донесе одлука дали некој е виновен или не.

Во однос на реакциите на адвокатите дека долго траат судењата за 27-ми април, но и невладините кои реагираа дека јавноста не може да го слуша загорзениот сведок. Николовска вели судијата за секоја одлука треба да однесе аргументирано образложение зошто така постапила а во однос на должината на постапката вели судот во Стразбур ги цени однесувањата на двете страни.

Институтот за човекови права кој го предвои Николовска денеска презентираше мобилна апликација „Судскиот совет под лупа” како дел од проект за поголема транспарентност. Ќе се следат и слабите точки за отчетност и ефективност на судскиот совет.

Иако до Судскиот совет, уште во декември 2017 година беше доставен Извештајот за (зло)употреба на АКМИС-от, изготвен од независна работна група која ги направи потребните истражувања, сепак, не се видиливи какви било преземени дејствија од Судскиот совет, со цел утврдување и отстранување на неправилности, пишува во последниот извештај на Институтот за човекови права од мониторингот на работата на Судскиот совет. Се констатира и дека советот не презел ниту едно дејствие за да ја заштити независноста на судството, ниту по извештајот на СЈО во кој неколку судии јавно, со име и презиме, беа посочени дека ја извршувале судиската функција без морален интегритет.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ