СЈО: Се сомневаме дека некој влијаeл на наш сведок во „Титаник 3“

Исказите на сведокот Тулај Красниќи на рочиштетот за „Титаник 3“ ги подгреа сомнежите на специјалниот обвинител Љубимир Лапе дека некој влијаел врз неа. Во СЈО рекла дека била исплашена од агресивноста на сега обвинетиот Исмет Гури, а денеска тврдеше дека не го познава. Не се сеќава ниту на записникот од пред една година, и дека на него не стои нејзин потпис.

Сепак и покрај инсистирањето на обвинителот таа рече дека никој од судницата не и се заканувал, заради што не реагираше ниту судечкиот совет, којшто заклучи дека сведокот делува мирно, и може да побара мерки на безбедност. Аљими и Гури си заминаа по распитот на петте сведоци, но одбија да проговорат. Во нивно име зборуваше адвокат, според кого никој од пристуните во судницата не се заканувал на сведоци.

Красниќи е клучниот сведок на СЈО во обвинението за уништување на изборен материјал против кординаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Аљими и Исмет Гури, тогашни функционери на општинската изборна комисија во Општина Чаир.

Во новиот суд пак, на половичното рочиште кое се прекина заради обврските на обвинетиот пратеник Илија Димовски во Собранието се слушаше нов сет аудио снимки, во коишто одново поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска разговараат како да го одложат гласањето на луѓе, кои авионски и со авотмобили пристигаат на аеродромот во Охрид.

Може ли Миле да се јавиш и да се договориш со „ТАВ“ да ги задржат некако патнициве од Цирих. Два авиона ни се критични. Денеска доаѓаат. Едниот да го сопреме, добри сме. Речи им на „ТАВ“ нека го зашуткаат авионов, нека се задржат на писта 15 минути, нека ги вадат бавно патниците, движењето по скали нека го успорат, вели Јанкуловска.

Додека не се вештачат снимиките, Јанакиевски одбива да ги коментира разгворите.

Во „Титаник“ тие, но и Никола Груевси и други поранешни функционери, се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ