Иницијатива за оценување на уставноста за злоупотреба на службена должност

Поранешни високи функционери обвинети од СЈО ќе се спасат од одговорност ако се прифати иницијативата за оценување на уставноста на два члена од измените на кривичниот законик. Ова е образложението на Владата по вчерашната седница на која му предлагаат на Уставниот суд  да не ја прифати иницијативата на адвокатот Еленко Миланов кој брани неколку поранешни функционери.

Адвокатот побарал и времена мерка. Од владата велат неприфатливо е предметите што се водат за злоупотреба на службената положба да бидат запрени додека се чека Уставниот суд да се произнесе.

Со оспорениот став 5 од членот 353 за злоупотреба на службената положба, СЈО гони педесетина обвинети во 11 предмети. Меѓу нив се и поранешните функционери и министри Јанкиевски во „Топлик“ и „Траекторија“, Јанкуловска во „Тенк“ и „Таргет“, Мијалков во „Трезор“, Канчевска Милевска во „Тендери“, Пешевски во „Траекторија“.

Од Уставниот суд велат дека во оваа фаза не можат да ја откирјат содржината наи ницијативата ниту образложението зошто се успорува уставноста на оваа законска одредба. Објансуваат дека е стандардна процедура да се бара од владата и собранието да се произнесе кога има иницијатива за оценување на уставност на законска одредба.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ