
Шеќеринска: Правдата и помирувањето не се исклучиви
Раката за помирување која ја подаде премиерот Зоран Заев од собраниската говорница кон пратениците на опозицијата преку што дел од јавноста гледа и амнестија за насилствата од минатиот 27 април ја дообјасни министерката за одбрана и вицепремиерка Радмила Шеќеринска. Според неа правдата и помирувањето се надополнуваат.
Од истата позиција потпретседател во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев во интервју за Дојче веле на македонски јазик гледа амнестија. Ја прифаќа, и ја охрабрува владата да изготви таков закон и да го достави до пратениците.
Јас го разбрав како повик за амнестија. И ајде да ја направиме таа амнестија. Ајде да ги ослободиме луѓето, кои во таа еуфорија на 27-ми април, без намера или некаква организација, ненамерно направиле глупост. Таа работа треба да заврши во парламентот, со едногласно крената рака за амнестија на сите. Јас така би постапил, рече Јанчев.
Додека двете спротиставени партии и нивните челници ретерираат дали Заев најави амнестија за учесниците на 27- ми април или не познавачите на политиките на власта се сомневаат дека власта со вакви зијави почнува да се пазари за пратенички гласови за уставените измени за кои активно се расправа во законодавниот дом.
Клековски потсети дека закон за амнестија Познавачите на правото се категорични дека било каакво мешање во правото, правната држава престанува да постои. Адвокатот, Александар Торетевски смета дека ако владата посегне по амнестија за обвинети лица во таков случај се легализира криминалот како казниви дела.
Амнестијата треба да биде сеопфатна. Да се ослободат сите до еден затвореници. Да се запрат сите кривични постапки. Да се распуштат судот, ЈО и СЈО да не трошиме веќе пари за нив. Во следните 10 години да нема гонење за криминал за да чепнат нешто и тие што биле чесни до сега, вели Тортевски.
Собранието од независнта на државата до сега изгласло 4 закони за амнестија. Во 99-та пратениците гласаа за зкаон за намалување на казни на затвореници, втората следеше веднаш по рамковниот догвор за припадниците на ОНА, 3 тата неколку години потоа со која се амснетираа оние кои го избегнале служењето на воениот рок, а псоледниот закон за амнестија од пред една година ги опфати лицата кои за орпеделни дела имаат рпаво на слобода ако одлежале половина од затворската казна.
Павле Беловски