Костадинов оптимист – Дебатата за уставните измени е позитивна

Пратеникот Костадин Костадинов од СДСМ ги повика Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ да престанат како што вели да ја блокираат иднината и евроатланската перспектива на Република Македонија.

Тој вели дека дебатата во Собранието засега се одвива позитивно и е оптимист дека можно е решение.

„Ние секојдневно комуницираме со нашите колеги од опозицијата, секако мора да кажам дека од кога почна пленарната седница за уставните измени во овие два дена атмосферата е супер, имаме демократски конструктивни дискусии и од власта и од опозицијата, и јас се надевам дека во овој значаен историски момент за државата сите заедно како пратеници ќе се издигнеме над личните и над партиските интереси и ќе издејствуваме во насока на подобрување на животот на граѓаните на Македонија“ изјави Костадинов за Телма.

Костадинов на прес конференција пред седиштето на опозициската партија истакна и дека времето истекува, и сега пратениците на ВМРО-ДПМНЕ многу бргу треба да се изјаснат дали се за  ЕУ или НАТО или не.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ