За 400 илјади евра имот- наместо во домашен притвор, пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ Сашо Василевски ќе треба да го „посетува“ охридскиот суд

На пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ Сашо Василевски му е укинат домашниот притвор со одлука на кривичниот судски совет, дознава Tелма. Од судот потврдија дека е прифатена гаранцијата и дека наместо домашен притвор, на Василевски му е определена мерка еднаш неделно да се јавува во судот в оОхрид и да му биде одземена патната исправа.

Василевски е еден од обвинетите за насилствата во собранието минатиот април кога ги отвори собраниските врати за внатре да влезе толпата. Според изворите на Телма, кривичниот судски совет одлучувал по барањето на Василевски откако тој понудил како гаранција имот во вредност од 400 илјади евра, а неговите адвокати досега не добиле потврда за оваа одлука.

Денеска во судот продолжи судењето за „27 април“. Поради технички причини повеќе од еден час обвинетите и адвокатите за случувањата во собранието на 27 април го чекаат почетокот на  сослушувањето на загрозениот сведок С1.

Поради технички причини интервенирала обвинителката заради мала можност за откривање на идентитетот на загрозениот сведот. Пред почетокот на денешното рочиште судиката добрила кацарска, поради заштита на сведокот и неговиот идентитет ја исклучи јавноста од рочиштето. За случувањата минатиот април обвинети се вкупно 33 лица од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ