Милошоски не даде исказ за предметот „Моќник“

Милошоски не даде исказ за предметот „Моќник“. Според информациите на Телма тој четириесетина минути правел увид во доказите а дополнитлено друг ден ќе одговара на прашањата на обвинителите. На излегување Милошоски даде изјава но не сакаше да говори за делата за кои СЈО го истражува, туку го обвини СЈО дека после референдумот повикало 15 пратеници и дека целта на овие распити е да принудат дел од пратениците да гласаат за уставните измени.

Вчера во СЈО беше сослушан и поранешниот прв човек на Лустрациската комисија Томе Аџиев.

Според истрагата на СЈО објавена во март годинава Милошоски го потикнал Аџиев незаконски да го лустрира судијата Драги Билески од кичевскиот суд. Во истрагата „Моќник“ СЈО го сомничи Милошоски дека со помош на екс градоначалникот на Македонски Брод, издејствувал неговиот татко да го купи објектот во кој била сместена општина Пласница а за таа цел биле доведени во заблуда советниците во општина Македонски брод.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ