Инцидент во суд помеѓу старите “познаници“ Панчевски и Стаменковски

Експретседатлеот на Кривичен Владимир Панчевски обвинува дека неговиот поранешен соработник Горан Стамнковски од кого потоа доби и тужба и судот го осуди за мобинг, денеска упаднал во неговата судница во Градски парк каде беше прераспределен од новиот претседател Џолев да суди прекршоци.

Во телефонската изјава Панчевски тврди дека Стаменовски вербално го нападнал му се заканувал со зборовите Ке видиш што ке ти се случи, ќе видиш што ке те снајде и упатил пцовки и вулгарности. Панчевски  вели дека во тој момент во судницата била присутна само дактилографката и дека пријавил во судска полиција и на бројот 192. Тврди дека не знае на што се должи ваквиот инцидент-повеке од две години не комуницирал со Стаменковски.

-Не знам зошто дојде до ова, а и не му е прв пат да упаѓа по канцеларии. Тоа треба да објаснат надлежните. Ете се гледа кој кому вршел мобинг. Ова не е ниту прв напад против мене. Претходно обвинет во еден предмет ме нападна пред полициска станица. Како судија се чувствувам комплетно незаштитен, ни изјави Панчевски.

Стаменковски кој сега работи како раководител во Кривичен, целосно го негира тврдењето на Панчевски. Спротивно на тоа вели дека во бараките во прекршоци бил службено за да направи ревизија со заостатокот со предмети. Бил кај шефот на прекршочното одделение и потоа поврзано со работата влегувал од канцеларија во канцеларија.

-Ја отворив вратат без да знам дека тоа е  неговата канцеларија, тој имаше на бирото пендрек почна да ми се заканува и ме истурка од канцеларијата и ми ја тресна вратата. Сега сум во полициска стануца за да го пријавам за нападот. Ова ми го прави намерно за да ме дискредитира затоа што знае дека ке бидам сведок во предметот што за него го води СЈО, рече Стаменковски.

Во судот заега нема информација за случката во одделот за прекршоци мегу Панчевски и Стаменковски.

Во 9:57 В.П. пријавил дека Г.С дошол во неговата канцеларија и му се заканувал. На лице место излегле полициски службеници од ПС Центар, ни соопштија од МВР.

Е.И.М.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ