
Ребаланс на буџетот попладнево на вонредна седница
Владата во моментов на вонредна седница расправа за ребалан на државниот буџет, бидејќи денеска до полноќ истекуваат законските рокови до кои Владата мора да го достави до Собранието подготвениот ребаланс, со што тој ќе се најде во Собраниска процедура. Од Владата соопштија дека ребалансот ќе оди на усвојување во Собранието доколку парламентот не се самораспушти и не се оди на вонредни парламентарни избори.
Таа, пак, согласно Деловникот за работа на Собранието, предвидува прво ребалансот да го претресуваат матичната Комисија за финансирање и буџет, како и законодавно правната комисија. Комисијата за буџет има рок од најмногу 10 работни дена, во кои пет дена се резервирани за општиот претрес, а пет за поднесените амандмани. Потоа Владата подготвува дополнет предлог на ребалансот, во кој ги вградува и оние амандмани кои се согласила да ги прифати, кој потоа пак се доставува во Собранието, каде се врши претрес на пленарна седница, и тој може да трае најмногу пет работни дена.
Но, што доколку Собранието се самораспушти во наредните денови и доколку се оди на предвремени парламентарни избори? Познавачите на состојбите велат дека не е познато гласање за буџет или за ребаланс по скратена постапка. Ова доколку во случај се реши да се оди на Варијантата ребалансот да се изгласа пред распишувањето на изборите. Всушност, ако се оди на вонредни парламентарни избори, поради неработење на Собранието, ќе биде проблем и како да се изгласа и Буџетот за идната 2019 година.
Сознанијата говворат дека во предлогот на Владата за ребаланс нема ставка за избори, но ако се распишат предвремени парламентарни избори тогаш пратениците ќе интервенираат во текот на постапката за да се додаде таква ставка. Нема повеќе детали што содржи корекцијата на државната каса, само се знае дека таа меѓудругото се прави и заради ниската реализација на капиталните инвестици, сомо 23, 3 проценти за првите 8 месеци од годинава. Според сознанијата ќе се преанаменат средства од оние буџетски корисници кои не можат да ги искористат парите, и ќе се насочат кон оние кои имаат поголема потреба, а ако нема избори, ставката би требало да се намени за помош на општините кои се презадолжени.
Министерството за финансии најавува дека утре ќе одржи прес конференција на која ќе ја објасни потребата од корекција на државната каса, како и сите пренамени на средствата што таа ќе ги содржи.