Година и половина се договарале кинески банки и компании за изградба на два автопати

Триста телефонски пораки си размениле поранешните министри Миле Јанакиески и Зоран Ставревски договарајќи се колку пари да позајмат од кинеските банки. Со милионски суми требале да ангажираат градежна компанија да ги изгради атопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Во една од пораките, екс минситерот за финансии Зоран Ставревски се сомнева дека Јанакиески без знаење на финансии се договара со претставници од Кина.

„Нема ни износ, ни назив, ни фирма, ни параф на документот. Ако нема износ, назив, фирма, нема ни апликација. Не можеш вака да местиш луѓе. Не може еден да договара, а друг да мести. Срамота е!“, пишува Ставревски.

„Никој никого не мести. Кога ќе ги имам точните суми ќе ти ги пратам. Не е убаво да мислиш дека те местат“, вели Јанакиески.

Од време на време министрите задолжени за зделката со кинезите го известувале „шефот“ Никола Груевски како течат преговорите, кој, пак, е обвинет дека примил награда, процент од договорот со кинеската компанија „Синохидро“ која ги гради автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.

Одбраната не сакаше да се читаат пораки за кои според нив не е потврдена оргиналноста. На тоа Судечкиот совет одговори дека прво ќе се изведат овие докази, а потоа ќе се чуе мислењето на експертот кој ги вештачел пораките како докази. Во „Траекторија“, Јанакиески, Пешевски и поранешниот директор на Државни патишта Љупчо Георгиевски се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Груевски е обвинет за примање награда за противзаконито влијание.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ