Заев повикува на консензус за уставните измени, опозицијата не прифаќа

Премиерот Зоран Заев повика одлуката за уставни измени за прифаќање на Договорот од Преспа, да биде донесена заеднички, со поддршка и од власта и од опозицијата.

На седницата на Комисијата за уставни прашања во Парламентот, каде пре малку заврши расправа по Предлогот за пристапување кон измени на Уставот.

Премиерот повика на заедништво, единство и консензус во процесот.

„Ако и ВМРО-ДПМНЕ е ЗА, ајде да ги донесеме одлуките. Добивме држава признаена од сите. Имаме признаен идентитет“, рече премиерот Заев.

Премиерот Заев нагласи дека успешен референдум значи и мнозинство и консензус, и дека во овој случај мора да се земе предвид изразената волја на излезените 600.000 граѓани.

„Мораме да донесеме одлуки. Шансата е неповторлива. И Мицковски и Иванов знаат дека за секој телефонски разговор во процесот на постигнувањето на договорот, информирав. Некој мораше да донесе одлука и го направив тоа. Преземете и вие одговорност и да ја обезбедиме државата“,  повика премиерот Заев.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ беа присутни на седницата на комисијата за уставни прашања, но велат дека нема да гласаат за уставни измени, бидејќи Собранието нема мандат да оди против волјата на граѓаните кои на референдумот го отфрлија Договорот од Преспа.

Седницата на Комисијата за уставни прашања продолжува в петок на пладне.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ