Новинарските организации усогласија критериуми за онлајн медиумите

Здружението на новинари на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Советот за етика на медиумите во Македонија, усогласија минимум критериуми што ќе помогнат во заштита и промоција на професионалното новинарство во онлајн медиумите.

ЗНМ, ССНМ и СЕММ сметаат дека онлајн медиумите треба да ги почитуваат начелата и принципите на новинарската професија, како што се:

– транспарентна сопственост,

– објавување на импресум, контакт и адреса на медиумот,

– прифаќање и почитување на Кодексот на новинарите и

– регистрација на правен субјект во Македонија.

Трите организации бараат од Владата и јавните институции да ги почитуваат овие критериуми при издавање на акредитација на новинарите од онлајн медиумите и ги повикуваа рекламерите да се воздржат од објавување на реклами во онлајн медиумите кои не ги исполнуваат овие критериуми.

„Ако Владата и рекламерите не ги почитуваат овие критериуми директно ќе придонесат кон јакнење на дезинформациите во медиумите и нивно користење за пропагандни цели“, се вели во соопштението на трите организации.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ