
Нема цензура за филмот на Бојаџи
Судијката Сузана Дончевска го прифати барањето на Небојша Бојановиќ од Арт Синема како органзиатор на фестивалот Коненова, доставено преку адвокатот Влатко Китановски, за повлекување на времената забрана за прикажување на филмот „Ругање со Христос“ на режисерот Јани Бојаџи.
Рочиштето се одржа на барање на Министерството за култура, кое достави барање до државниот правобранител Фехми Стафа. Но на рочиштето немаше преставник од Министерството за култура и од државниот правобранител. Присуствуваше само претставник од Хелсиншкиот комитет.
Бојановиќ најави повеќе детали на утрешната пресконференција.
Филмот на Бојаџи ја бранува јавноста два месеци по изјавата на министерот за култура Адеми и директорот на Агенцијата за филм, кои без да го гледаат, од трејлерот и сценографиајта, констатираа дека е скандалозен и дека ги повредува чуствата на Албанците, кои се прикажани како насилници и силувачи.