Кривична пријава за судски вештак од Скопје поради примање поткуп

Поранешен финансиски директор на МЕПСО, а во улога на судски вештак викендов е фатен на дело како зема мито од сопственик на една позната штипска винарија. Од полицијата појаснуваат дека 56 годишниот скопјанец во канцеларијата на винаријата требало да стави потпис за економско-финансиско вештачење за фирмата, и тоа за предмет кој се водел во Основниот суд во Штип.

Еден ден претходно полицијата на дело фати и вработен  во штипскиот затвор, кој барала поткуп од 150 евра од затвореник. Со овие пари 30 годишниот службеник од затворот требал да набави мобилен телефон. Банкнотите биле обележани, а на корумпираниот службеник му е и одредена мерка притвор од 30 дена.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ