Шест години затвор за „тенкот“ за Гордана Јанкуловска

Шестте години казна затвор од устата на судијката Кацарска ги слушнаа двајцата адвокати. Јанкуловска не дојде на објавувањето, а веста ја дозна во соседната зграда каде и се суди во случајот „Таргет- Тврдина“. Не сакаше да коментира дали се согласува со одлуката на судот и тврдењето во пресудата дека таа поттикнала кривично дело, и ја злоупотребила службената положба.

Екс премиерот Никола Груевски нарачал луксузен мерцедес, Јанкуловска го поттикнала тогашниот помошник-министер Ѓоко Поповски да скрои јавна набавка на која ќе се јави веќе договорениот понудувач „Мак Аутостар“. Според судот на овој начин ги трошеле парите на граѓаните.

Јанкуловска со одземен пасош во целиот процес не смее да ја напушта државата, но тоа според Фетаи е премалку, па побара да не смее да го напушта и Скопје.

По, половина час размислување и советување, Кацарска одлучи да ја прифати мерката и Јанкуловска да смее да се движи само во главниот град. Фетаи се согласи со висината на казната, а откако ќе ја добијат пресдуата одбраната на Јанкуловска ќе изготви жалба до повисокиот апелациски суд. За истиот случај обвиениот Никола Груевски доби 2 години затвор, а Апалеација му ја одби жалбата и му ја потврди казната. Осуден останува и обвинетиот помошник-министер Ѓоко Поповски кој наместо 6,6 години затвор, апелација пресече и му изрече 4,6 годишина затворска казна.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ