
Партиски калкулации за нови избори
Од партиските штабови нема информација дали во Собранието ќе се обезбедат потребните 80 гласа од пратениците за потребните уставни измени.
Преговорте се уште траат, а неофицилјно имало средби и меѓу лидерите на партиите. Утринава на координација пратеничките групи не разговарале за преговорите и сега се е оставено на политичка одлука внатре во партиите. Она што е одлучено е дека треба да се привршуваат сите комисиски активности за да се најдат на седница на собранието во понеделник, дознава телма.
И доколку се донесе одлука за предвремени избори на таа седница би се распуштило Собранието, ова веќе ги става во игра новите можни датуми за избори 2 или 9 декември.
Изворите на Телма од парламентот велат дека на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицковски ќе му биде наводно понудено техничка влада која ќе има мандат од 45 дена, а не сто дена како што браше тој. Сите овие партиски калкулации за сега се неофицијални. Дел од медиумите објавија дека пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се жалат дека се под закана за животот ако ги поддржат амандманите во Собранието.
Најновиот предлог од ВМРО-ДПМНЕ е премиерот јавно да се откаже од договорот со Грција, да се оди на избори, а по изборите да се формира ново Јавно обвинителство кое ќе го замени СЈО. СДСМ излегоа со толкување дека вчерашното обраќање на Мицкоски е под влијание на поранешниот лидер.