
Лекарите специјалисти масовно си заминуваат од струмичката болница
Четворица интернисти си заминале од интерното одделение при струмичката општа болница последниве неколку месеци. Со тоа бројот на специјалисти на ова одделение е преполовен и недоволен да ги опслужува пациентите коишто гравитираат во овој регион. Од Управата на болницата велат дека недостатокот на лекари е сериозен проблем со којшто се соочуваат, но го решавале со лекари од скопските клиники.
Интерното одделение не е единствено со дефицит на специјалисти. Слична е ситуацијата и на педијатрија и на одделението за ренгтен.
Одливот на специјалисти во струмичката болница е најизразен последниве неколку години со зголемувањето на бројот на приватни задравствени установи, каде лекарите заминуваат поради подобри услови за работа и повисока плата.
Сузана Мицева