МПЦ останува против промената на името на црквата и на државата

Македонската православна црква останува  против промена на името на црквата, што е тесно поврзано со процесите за решавање на деценискиот спор за името на државата, за што МПЦ исто така останува на своите поранешни позиции. Ставовите по овие исклуително чувствителни прашања, МПЦ уште еднаш ги потврди и реафирмира во Резолуцијата која произлезе од јубилејното заседание на највисокото црковно тело, Архиепископскиот црковно – народен Собор, што се одржува викендов во Струга и Охрид.

  • Членовите на Црковно – народниот собор воедно упатуваат апел за национално единство и искрен и молитвен повик до сите политички субјекти во земјата за одговорен пристап во овој исклучителен и полн со предизвици период за нашата земја, да се употребат сите сили за зашазување на националниот и духовниот идентитет на македонскиот народ и се што е Македонско, изјави Митрополит Тимотеј – портпарол на МПЦ – ОА

Со Резолуцијата која Соборот ја усвои по пет часовна работа зад затворени врати, се врши измена на повеќе членови на Уставот на црквата, меѓу другото и на името на МПЦ и титулата на поглаварот.

  • Се дополнуваа чл. 2 од Уставот на Македонската православна црква, кој ќе гласи: „Македонската православна црква – иаториска и правна наследничка на Охридската Архиепископија и на Јустинијана Прима, има достоинство на Архиепископија и се именува Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, а во комуникацијата Македонска православна црква“.  Б. Се дополнува чл. 9, став 2 од Уставот на Македонската православна црква, кој ќе гласи: „Титулата на Архипископот е Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и се ословува со „Ваше Блаженство“, соопшти митрополит Тимотеј.

Соборот го корегира и член 23 од црковниот Устав со што викарните епископи се исклучуваат од Пленарниот состав на Синодот и немаат право на глас. Усвоена е и одлука за поделба на Полошко-кумановска епархија на две засебни: Тетовско–гостиварска и Кумановско-Осоговска православна епархија.Прецизирани се границите на епархиите во земјата и дијаспората, кои со уставните измени добиваат засебен правен статус.

Соборот на МПЦ која годинава одбележува одбележува неколку значајни јубилеји, 60 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, 1000 години од нејзиното формирање, 75 години од Свештенското заседание во охридското село Издеглавје и 1155 години од Моравската мисија на светите браќа Кирил и Методиј, завршува утре со богослужба во катедралниот храм Св. Софија во Охрид.

 

Горан Момироски

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ