
Бизнис иновативен центар за струмичките бизнисмени
Струмичките претприемачи ќе добијат можност за реализација на своите идеи. Се отвора бизнис иновациски центар кадешто најдобрите предлози ќе се разработат во проекти и со нив ќе се бара поддршка од домашни и европски фондови но и инвеститори. Целта е во овој центар да бидат вклучени и Сојузот на Стопански комори, но и професори од Штипскиот универзитет и од машинскиот факултет при УКИМ.
Бизнис инивативниот центар е дел од европската мрежа и академијата з астартап бизниси.. Општина Струмица, пак, го предвидува во статегијата за локален економски развој.
Ценатрот за иновации се очекува да донесе свежина и новитети во сите стопански гранки, особено во земјоделството.
Сузана Мицева