Владата ветува дека последниот анекс за автопатат Охрид – Кичево ќе заштеди од 70 до 100 мил. евра

Последниот трет анекс договор за изградба на автопатот Кичево Охрид е во завршна фаза. Привршуваат преговорите помеѓу ЈП  за државни патишта и кинеската Синохидро со што треба да се дефинира конечната цена на чинење на оваа делница.Откако договорот ќе се усвои во владата, за него ќе расправаат пратениците.Административниот дел се очекува да завршен во текот на месецов и тоа пред евентуално распуштање на собранието  и одржување на предвремени избори.

  • Ќе се направи јасна динамика по која ќе се изведуваат градежните активности на патот, како и експропријацијата на имотите на граѓаните по пропишани критериуми, со клучки. Регионални патишта, со тунел каков што треба да биде, вели вицепремиерот Анѓушев.

После една година консултации со странски и домашни експерти, владата вели дека конечно може да се каже дека проектот е добар и од технички и од финансиски аспект.Очекувањата се дела заштедите ќе се движат меѓу 70- 100 мил евра

  • Интенција е од Охрид до тунелите парцијално пушатње на делови од патот во должина од 10-15 км за да се растерети сообраќајот, изјави Зоран Китанов, од ЈП ДП.

Автопатот Кичево Охрид го следат скандали од почетокот на градењето.Дел од делницата била предвидена над резервоар кој го снабдува кичево со вода, не се предвидени клучки на патот ниту локални патишта а тунелот кај врбјани бил превдиден да се прави во карпа без геолошки истражувања .Владата останува на уверувањето дека автопатот ќе биде пуштен во употреба до 2021 година.

Виолета Зајкова Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ