Нова порака од Германија во ВМРО-ДПМНЕ да не ја блокира Македонија

Нова порака од Германија до ВМРО-ДПМНЕ да не ја блокира европската иднина на Македонија и да гласа за уставните измени. „Ве молам не ја блокирајте Македонија“, се зборовите кои германскиот амбсадор Томас Герберих денеска ги упати до опозицијата, со надеж дека таа ќе се приклучи кон гласањето на уставните измени.

„Лично се надевам дека опозицијата ќе се приклучи кон гласање за уставните измени за да може земјата да продолжи кон НАТО и ЕУ. Ве молам немојте да го блокирате ова за Македонија на долгорочна основа и на тој начин да ја изолирате државата на нејзиниот пат кон Европа“, рече Герберих.

Пораката од амбасадорот на Германија доаѓа два дена откако владеачката германска ЦДУ-ЦСУ и порача на ВМРО-ДПМНЕ, доколку не гласа за уставните измени, ќе биде одговорна за блокирање и изолација на Македонија.

Заедно со германскиот амбасадор на дебатата по повод 25 години болатерлани односи меѓу Македонија и Германија се обрати и германскиот пратеник Торстен Фрај, според кого Македонија се наоѓа во многу одлучувачки период по референдумот, пред одлука на Собранието дали ќе се реализира Договорот со Грција.

„Мислам дека е дојдено време кога опозицијата и владеачката партија треба да се приближуваат една кон друга и да се потрудат да најдат заедничко решение. Не се работи за тоа поединечни пратеници да се откупат, туку се работи за тоа да се постигне најдоброто за државата. Од мое гледиште сметам дека и Владата и опозицијата треба заеднички за добро на државата да најдат добро решение“, речеФрај.

Притоа тој нагласи дека имам разбирање за тоа што на луѓето во Македонија им е тешко во однос на Договорот со Грција, бдејќи, како што рече, се работи делумно за национален идентитет, но оти е важно да се разгледаат алтернативите и можностите.

„Можно ли е навистина да се постигне подобра Спогодба? Можно ли е да се оди по патот на интеграција во ЕУ и во НАТО без оваа Спогодба? Ако сме искрени, ми се чини дека треба да кажеме оти ваква шанса нема да има доколку не се постигне Спогодбата“, рече Фрај.

Според германскиот пратеник, треба да биде јасно дека оти во овој момент треба да се донесе одлука за иднината државата и тоа долготрочно гледано, одлука што треба да ја донесе македонското Собрание.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ