Архимандритот Партениј одликуван од Европскиот парламент

Архимандритот Партениј, игуменот на манастирот Свети Јован Бигорски, беше одликуван со престижната награда „Европски граѓанин“ што ја доделува Европскиот парламент.

Признанието му беше врачено на церемонија во Собранието на Република Бугарија, а на неа присуствуваа претседателот на Собранието Цвета Карајанчева, европратеникот Андреј Ковачев, како и други политичари и пратеници.

Отец Партениј во обраќањето го поддржа договорот за добрососедство и ги повика политичарите да продолжат да работат на продолабочување на соработката.

„Остануваме цврсто зад постигнатиот Договор за добрососедски односи, пријателство и соработка меѓу Македонија и Бугарија што е напишан со крвта на нашите претци и за радост на нивните души. Спроведувањето на тој Договор треба да биде во духот на почитувањето на взаемните особености, и не треба да биде причина за непотребни раздори и заладување на односите. Се што причинува оттуѓување, одбивен предизвик или омраза тоа не е Евангелско дело, и нема да има благослов на богољубивите предци“, нагласи архимандритот Партениј.

Главната церемонија за доделување на оваа награда ќе се одржи 9 октомври  во Брисел.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ