Почна седницата на ЦK на ВМРО-ДПМНЕ, не се исклучени други разрешувања

Почна седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на која се очекува да бидат потврдени одлуките од вчерашната седница на Извршниот комитет меѓу кои и онаа за разрешувањето на досегашниот змeник-генерален секретар на партијата Петар Богојески.

Пред почетокот на седницата, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоиликовски запрашан дали ќе има и други разрешувања, рече дека ништо не е исклучено, бидејќи ќе се испитува работата на партиските членови.

Околу  тоа дали ќе се разговара за поддршка на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени, Стоилковски рече дека тоа е беспредметно бидејќи на референдумот се покажа дека Договорот од Преспа е пропаднат.

Тој негира дека ВМРО-ДПМНе размислува за евентуален бојкот на предвремените избори, кои се се поизвесни.

„Бојкотот не е тема на разговор“, рече Стоилковски.

Централниот комитет е највисоко партиско тело меѓу два конгреса.

ВМРО-ДПМНЕ на вчерашниот состанок на ИК постави три барања кои треба да се исполнат за партијата да учествува на предвремени парламентарни избори – техничка влада со мандат од 100 дена според Пржинскиот модел, нов јавен обвинител и анкетна собраниска комисија за референдумот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ