До кога економијата ќе биде жртва на политиката?

Можноста за предвремени избори ќе ја продолжи неизвесноста во која долго време живее стопанството. Владиното фокусирање на прашањето со името, според економистите ја фрли економијата во втор план, политичката криза која надвиснува ќе резултира со дополнително влошување на економската состојба и воздржаност на бизнис секторот од секаков вид на инвестиции.

  • Честите избори значат одолговлекување на ресурси, тие се скапи, кога има избори никој не зборува за бизнис, никој не зборува за економија, па ако тие се избегнат во оваа ситуација ќе биде добро за бизнисот, смета претседателот на МАНУ, академик Таки Фити.
  • Продолжената неизвесност ќе значид ека посакуваниот раст од 4-5 % стануваат недостижни се дури не видиме разрешница на евроатланскиет интеграции, вели професор Марјан Петрески.

Избори може да има и на секои два месеца доколку тие се во функција на понатамошен развој на државата  но проблемот е во методологијата на нивно одржување, тие треба да се со кратка кампања, партиите да се финансираат од буџетот а политиката да ги тргне рацете од реалниот сектор. Првиот човек на Стопанската комора Бранко Азевски и порача на Владата да води сметка парите да ги троши за продуктивни инвестиции

  • И тие малку пари што ги имаме тие 400 мил евра да не ги користиш и да бараш оправдување е малку проблематично.Бар тоа што го имаме да го искористиме максимачлно а тоа што ќе се задолжиме да биде за продуктивни трошоци, вели претседателот на Стопанска Комора, Бранко Азески.

И владата признава дека честите избори лошо влијаат на одлуките на инвеститорите.Македонската економија се движи во вистински правец но за да продолжи тој тренд рече вицепремиерот Кочо Анѓушев мора да се обезбеди евроатланската перспектива на земјата а за тоа потребно е да се  впрегнат сите научни потенцијали и политички сили и силна и брза извозно ориентирана индустријализација на економијата

  • Во градежништвото е важно да се реализираат проекти корисни за граѓаните како фабрики, хали, станбен и деловен простор, а државата само инфраструктура што ќе ја подобрува логистиката за индустријата, никако трошење пари за непродуктивни работи како фасади, споменици, туку патишта, цевководи, далноводи, гасоводи, железница. Само така ќе се заживее градежништвото на реална основа, вели Анѓушев.

На научната конференција за идните предизвици на економскиот развој и економските политики што ја организираше МАНУ, академик Фити посочи на слабата развојна перформанса на економијата со просечен раст од 2,7% забележувајки дека за удвојување на БДП ќе ни бидат потребни 27 години.

Виолета Зајкова Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ