
Заев ги отфрли барањата на ВМРО-ДПМНЕ, а нема да разговара ни со Мицкоски
Власта не ги прифаќа барањата на ВМРО-ДПМНЕ. Ова лично го соопшти премиерот, Зоран Заев, велејќи дека за барања на опозицијата за нов јавен обвинител по избор на опозицијата, собраниска анкетна комисија која ќе испитива нерегуларности на референдумот, но техничка влада според Пржинскиот договор со мандат од 100 дена за предвремени избори, нема причина ниту да се дискутира.
- Апсолутно не се прифатливи. Ниту има причина, ниту има потреба да се дискутира за вакви работи. Да се бара комисија која што треба да провери дали бил законски референдумот, дали имало законитост во неговото спроведување или слично во услови кога претседател на ДИК е од ВМРО-ДПМНЕ…или Управниот суд во кој нема сменето ниту еден член, само по себе кажува што всушност се сака со ваквите барања да се постигне“, истакна Заев.
Заев за можноста за предвремените избори кои ги најави вечерта по референдумот, рече дека не ги посакува. Обезбедувањето на двотретинско мнозинство во Собранието, вели тој, е она на што ќе биде ставен фокусот до 10 октомври, по што ќе се соопштат следните чекори. За обезбедување на двотртениско мнозинство, тој најави и дека и лично ќе се види со некои пратеници. Доколку сепак не се обезбеди доволна поддршка за да се усвојат уставните измени, останува опцијата за вонредни парламентарни избори.
Заев притоа ја отфрли можноста да разговара со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
- Со Мицкоски нема што да разговарам. Во минатото дадовме карт-бланш за техничка влада. Карт–бланш прифативме барањата за финансирање на политичките партии. Го формиравме ДИК со претседател од ВМРО-ДПМНЕ. За возврат апсолутно не сакаа ни да разговараат за некаков начин за успешна поддршка на процесите кои се важни за Македонија“, рече премиерот.
Заев притоа не верува во можноста опозицијата да ги бојкотира предвремените избори ако не и се исполнат барањата.
- Не верува во таква работа, заради тоа што тој процес е заокружен со лидерската средба, со нашето прифаќањето на пржинската техничка влада и со тоа апсолутно е заокружен процесот“, изјави Заев.
Сепак, ако опозицијата сака да ги ескивира процесите секогаш ќе измисли, како што рече, нова приказна, бајка, за да го направи тоа.
Тамара Грнчароска