Разрешен заменик генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Богојески

На синоќешната седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ е разрешен заменик генералниот секретар на партијата, Петар Богојески. Богојески е еден од членовите на партиските тела на ВМРО-ДПМНЕ кој доаѓа од “реформаторите”. Тој имаше различен став од оној на лидерот и партијата и повикуваше масовно да се гласа на референдумот.

Богојески е дел од реформското крило на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коста Богданов кој за сега останува во ИК на партијата, иако според извори на Телма и тој размислува за оставка.

,,Мицкоски прави чистка со неистомислениците. Сите кои беа со спротивен став, биле предупредени дека веќе не можат да сметаат на место во партијата, ниту на идните листи“ дознава Телма од извори во партијата.

Потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски негираше дека имало разрешувања во телата на партијата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ